Снимката која што на социјалните мрежи ја објави Есмералда Мартинез ја загреа фантазијата на теоретичарите на завера.
Веб камерата која што секојдневно го снима вулканот Попокатапетл забележала НЛО како се спушта во грлото на куполата на вулканот.
Снимката која што на социјалните мрежи ја објавила Есмералда Мартинез предизвикала големи реакции.
На снимката се гледа бел објект, за кој се тврди дека е НЛО, кој праволиниски излегува од вулканот Ел Попо, а потоа уште три НЛО објекти кои влегуваат внатре.
Познатиот теоретичар на завера, Скот Варинг, на својот блог го објавил следното:
„Ова е прекрасно откритие, неколку НЛО објекти околу популарниот мексикански вулкан Попокатапетл“.
Овој “ланец“ на сите вонземјански појави продолжува:
„Се гледа како еден НЛО објект го напушта врвот на вулканот и заминува право во вселената. Потоа се гледа, како уште еден излегува и влегува во жешката лава. Апсолутен доказ за она кое што ние истражувачите веќе го знаевме – НЛО, постои база на вонземјани на 5-6 километри од вулканот“.
Вулканот Ел Папо е висок 5.426 метри и е втор по големина во Северна Америка. Особено е активен во последниве неколку месеци, а неколку пати исфрлил вжештени камења и облаци од пепел.
Околу 25 милиони луѓе живеат во кругот од околу 100 километри од кратерот на овој вулкан.