Камион со отпаден материјал се запали попладнево на приватен плац на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.
Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот е изгаснат за кратко време и оти нема никаква опасност. Интервенирано е со четири возила.
Пожарот е пријавен околу 13:50 часот и веднаш е излезено на терен.
Фото: Курир.мк