Компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи вчера склучија договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.
Како што е соопштено, месечниот закуп за канцеларијата на Иванов во Џевахир ќе чини 1.950 евра, односно 23.400 евра во период од 12 месеци.
Деловниот простор се протега на површина од 274 квадратни метри и е изнајмен на една година.
Иванов во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица. Тој има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.