Караџовски дал дозвола пратениците во скафандер да отидат во Собрание

538

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека на негово барање, добил
решение од првиот човек на Комисијата за заразни болести, и пратеници позитивни
на коронавирус да одат на работа во парламентот.

„Решението е потпишано од Комисија за заразни болести односно Д-р Жарко
Караџовски. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето
на двајцата пратеници во скафандер во Собранието.

Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во
Собранието, тоа е Уставна категорија. Од таму пратеникот не може да биде
попречен во работењето, па дури и да е прогласена воена состојба“, изјави
претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата „Само интервју“ на Канал5.