Првиот човек на Комисијата за заштита од заразни болести, др. Жарко Караџовски, врз основа на епидемиолошките анкети тврди дека вториот бран заболени од корона вирусот, што се случува периодов е резултат на непочитување на превентивните мерки за време на рамазанските пости.
„Случувањата после 26 мај, согласно епидемиолошките анкети, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазан Бајрам и ифтарските вечери кои се случуваа тој период“, рече Караџовски.