Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

591
Бугарското вето на македонската интеграција во Европската Унија е последица на домашните политички предизвици на власта во Софија, оценува германската дипломатка Гудрун Штајнакер.

Односите Скопје – Софија продолжуваат да се затегаат. Иако македонската страна се уште одржува пријателската реторика во надеж за договор, бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ја вжештува атмосферата обвинувајќи ја Македонија дека сака да и’ забие нож на Бугарија.

Каракачанов во интервју за БНТ обвинува за уривање на бугарски споменици, фалсификување историја.

Своја анализа за однесувањето и барањата на Бугарија даде и поранешниот заменик-амбасадор на Германија кај источниот сосед, Гудрун Штајнакер, а тврдењето дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски го нарече невиден апсурд. Штајнакер смета дека разнишаното столче на сегашната бугарска Влада, токму кога претсојат избори во земјата се главната причина за националистичките подвизи на државниот врв.

„Барањето на Бугарија до Македонија е навредливо, провокативно, ненаучно, нереално. Многу транспарентен потфат, мотивиран од домашни политички причини. И германската влада мора да го искористи своето претседателство со ЕУ за да ја убеди бугарската влада и особено премиерот и лидер на ГЕРБ, чие име дефинира „европско“, да ја преземе одговорноста за Европа и да им остави на експертите да ги решаваат споровите околу историјата и јазикот.

Штајнакер додава дека политичката елита во Бугарија треба да се погрижи за нешто сосема друго – конечно да ги напишат своите домашни задачи во борбата против корупцијата.

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за Франс прес рече дека ветото на бугарија за почеток на преговори енепријатно изненадување, а секое прашање поврзано со македонскиот идентитет е црвена линија.Уште една шанса до крај на годинава Македонија да ги започне преговорите за членство ЕУ има на 8 декември, за кога е закажан Советот за општи работи но се уште е неизвесно дали преговарачката рамка за земјава ќе се најде на агендата.

Инаку,Каракачанов не ги поштеди медиумите во земјава велејќи дека бугарските во споредба со македонските се Си-Ен-Ен, додека во истовреме европратеник од неговата партија бара затворски казни од пет години за новинари кои ќе објават наводна лажна вест.