Карамбол на Тајван: Брод удрил во кран, друг кран паднал на контејнерите

662

Голем товарен брод удрил во висок надземен кран во тајванското пристаниште, кој паднал над друг кран, а потоа и на бродски контејнери.

Еден работник од пристаништето бил хоспитализиран поради исекотини на раката, пренесува “AP”.

Како што се наведува, кранот најпрво паѓал полека, а потоа брзо, удирајќи во соседниот кран, па над неколку бродски контејнери кои се урнале на земјата.

На видео снимките од настанот кој кружи на социјалните мрежи се гледаат работници како брзо бегаат од тоа подрачје.

Бродот од 86.00 тони кој припаѓа на “Orient Overseas”, хонгконшка бродска компанија, се подготвувал за закотвување во пристаништето Каосјун на југот на Тајван, кога удрил во кран, соопштила компанијата за управување со пристаништето.

Местото на несреќата е обезбедено, се наведува во соопштението на државната компанија “Taiwan International Ports”.