Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го привлече вниманието на неколку екипи, по настапот за Македонија на Европското првенство.
26-годишникот е интересен за Кардиф Сити, кој будно го следи секој негов настап. Исто така постои и интерес од Џенова на Горан Пандев. Централниот дефанзивец моментално ги брани боите на МОЛ Фехервар. Се шпекулира дека ако велшкиот клуб сака да го купи, ќе мора да плати најмалку четири милиони евра.
Муслиу беше на теренот во текот на сите 90 минути на два од трите дуели кои македонската репрезентација ги одигра на дебитантскиот настап на едно големо натпреварување, додека и на третиот одигра 85 минути.
Пред да се пресели во Унгарија, столбот во одбраната на МОЛ беше дел од Шкендија, Вардар и Ренова.