Карлеуша ја навредуваше Сека поради тоа што нема деца, заради верата и црквата… А еве што Алексиќ вели за тоа!

637

Сека Алексиќ важи за голема верница, а покрај тоа што постојано ги посетува црквите и манастирите, верата во Бога ја искажува и со добри дела што ги прави. Но со она што го направи сега, таа навистина се покажа како вистинска христијанка.

Имено, Сека ѝ прости на Јелена Карлеуша за долгогодишните прозивки и навреди кон неа.
Судејќи по она што го објави на својот профил на Инстаграм, Алексиќ надминала се’ и ги закопа секирите со колешката.

Мислење за Јелена Карлеуша“ – беше прашањето на еден следбеник на Инстаграм, а потоа следеше одговорот на Сека:

Секогаш има неколку вакви прашања, затоа е време да одговорам… Се менував со годините, созреав и се трудев да нема негативна енергија околу мене. Во минатото се случуваше се’, неискуство, подбуцнување итн. Од моја страна сега постои многу убаво мислење за Јелена“ – напиша Сека.

Дури и кога Јелена доживеа јавен линч поради наводната врска со еден босански фудбалер, Алексиќ ја поддржа.

Никој веќе не се сеќава како всушност започна нивниот конфликт, но сите добро се сеќаваат на прозивките и навредите кои Јелена ги изнесе на сметката на Сека. Имено, Јелена беше најостра кога на Сека ѝ беше најтешко, кога се бореше да има деца.

Тогаш Карлеуша напиша:

Можеше да имаш деца едно 50 абортус пати… Но семејството не се гради врз основа на групен секс со камионџии зад шаторот, нели?“

Но, тоа не е се’, а кога пејачката добила деца, ЈК не престана.

Дали и вие со особен интерес го читате ова лудило што Сека Алексиќ го објавува за светците, Бог и бременоста? Paganium tremens убер сељачиус. Ау… Не е детето виновно… Свети Нектариј го направи. Читам денес“ – напишала Јелена во една пригода на својот твитер-профил.

Сепак, Сека одлучила дека не сака да војува со никого, па ѝ прости на Јелена.