Пејачката Јелена Карлеуша (41) на друштвените мрежи се присети дека пред 25 години излезе нејзиниот прв албум „Огледалце“. Таа на обожавателите им објасни во кои околности настанал тој.
„Пред 25 години излезе мојот прв албум „Огледалце“. Издавач беше „Дискос“, тие беа единствените кои сакаат да ризикуваат со анонимна девојка на 16 години. Кој би рекол дека на оваа слика имам само 16 години“, се зачуди и самата Јелена.
Многумина не веруваа во неа дека ќе успее и еден ден ќе стане пејачка.
„На денешен ден службено е направена Јелена Карлеуша. Во мене веруваше само мојата мајка. Немав што да облечам, позајмував гардероба, не знаев да се шминкам, мојата мајка позајми пари за мојот албум. Ја убедив дека не мора да се грижи и дека ќе успеам сите тие пари да ги вратам. Тоа и го направив. Не ја изневерив“, се присети Карлеуша.
На таа објава пејачката собра многу коментари, каде фановите помеѓу останатото, пишуваа како очекуваат голем концерт по повод 25 години кариера, кога ќе помине пандемијата.
Мајката на Јелена, Дивна, почина пред година дена откако со години се бореше со тешка болест. Пејачката беше многу приврзана со својата мајка и често се присетува на неа објавувајќи стари фотографии на друштвените мрежи.