Карлеуша се пофали во минијатурно бикини дека изгорела во Охрид, Тошиќ и се јави да го тргне видеото

874

Јелена Карлеуша денеска ќе го одржи својот прв настап пред белградската публика, по година дена пауза за време на пандемијата.

Популарната пејачка се огласи на социјалните мрежи со видео снимка пред настапот, а речиси немаше следбеник кој не остана со подзината уста од нејзиното видео.

-Изгорев на сонце, а вечерва сум на сцена, напиша ЈК во провокативното видео.

Во исто време фотографија објави и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ како зборува на телефон, па фановите веднаш се пошегуваа на нивна сметка.

-Ало Јелена, сместа облечи се, гласеше еден од коментарите на фановите.

Инаку Карлеуша првиот свој настап го имаше во саботата и тоа во Охрид, а повеќе од очигледно е дека таму и го добила овој темен тен.