Розевиот фустан ја истакна нејзината витка фигура, но длабокото деколте и прекраткиот долен дел открија многу
Поп дивата Јелена Карлеуша отпатува со приватен авион во Бања Лука, а со својата нова фотографија и жешкиот стајлинг во оскуден, розов мини фустан, започна лавина од коментари.
Јелена позираше пред приватниот авион во мини фустан со деколте до папокот, но посебно внимание на нејзините следбеници овој пат им привлекоа некои други детали.
Три детали на неа привлекоа особено големо внимание – три брендирани парчиња чија вкупна цена е речиси 4.000 евра.
Имено, Јелена носеше бела „Balenciaga“ чанта која чини 1.650 евра, очила од познат светски бренд од 700 евра, но и вртоглаво високи потпетици чија цена е 1.440 евра.