Каролина Гочева во црно мини фустанче е ултра жешка (фото)

706

Секоја жена во својот плакар треба да има црн фустан кој ќе и прилега на нејзината конституција, а во него ќе се чувствува пријатно, секси и самоуверено.

Позната македонска пејачка Каролина Гочева добро знае кој е вистинскиот модел на „малиот“ црн фустан кој совршено стои на неа.

Бог ја дарил со таква маркантност што ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.

Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Каролина, која плени со својата харизма, појава и божествен глас.

Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а нема ниту жена која не сака да има вакви нозе за насловна страница, кои се заштитен знак на Каролина.

По илјадниците лајкови и низата коментари, веруваме ќе се сложите дека Каролина е македонското девојче од музичката сцена со нозе на манекенка.