Карпа која “танцува”: Вулканско чудовиште кое неконтролирано ја менува бојата

844

Хвитсеркур за некој е диносаурус или змеј кој ја пие водата. Според обликот секој гледа нешто друго, а токму поради тоа оваа карпа стана една од омилените атракции на Исланд.

Хвитсеркур во превод значи “бела кошула”, вулканска карпа на исландскиот полуостров Ватнснес кој наликува на камен чудовиште од кое излегува вода. Поводот за надимакот се илјадници птици на кои карпата им е дом, а белината се однесува на нивниот измет.

Оваа карпа е позната под името “Карпа диносаурус”. Висока е 15 метри, а изгледа како да се движи поради птиците кои постојано и неуморно си доаѓаат и заминуваат.

Според легендата која се пренесува од генерација во генерација, Хвитсеркур било чудовише кое не успеало да ги повлече камбаните од бенедиксткиот манастир. Тој бил спречен од зраците на сонцето кои го скамениле, а така останал до денес. Силните невремиња и океанските струи ја загрозиле карпата па Исланѓаните ја заврстиле со бетон за да не исчезне засекогаш.

Во последните години, сигурно но полека Исланд стана дестинација која сите сакаат да ја посетат. И покрај тоа, оваа држава и понатаму е скапа земја, дури и за оние со многу длабоки џебови.