Зонско паркирање ќе има и во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2, откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање, соопшти Општина Карпош.
Локалната самоуправа утврдила дека во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места.
„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.