Манекенката Катарина Ивановска која неодамна стана мајка по втор пат и на свет ја донесе ќерката Кира деновиве за прв во јавноста покажа како изгледа нејзината мала наследничка.
Убавата Кики на Инстаграм објави фотографија на која позира во друштво на Кира која е цела на мама.
Инаку, Катарина освен Кира, го има и синот Вања, а со нејзиниот избраник Цобе иако имаат две деца, се уште живеат во вонбрачна заедница и не планираат свадба во скора иднина.
Многу ми е поважно разбирањето и љубовта од бракот, кажа манекенката во една прилика.