Објавена е снимка од хаосот кој настанал на верскиот фестивал Лаг Б’Омер на северот на Израел. Се уште не се знае точната причина за стампедото. Завладеала паника и луѓето газеле едни преку други.
Бројот на загинати расте од час во час по стампедото на верскиот фестивал Лаг Б’Омер на северот на Израел. Според последните информации, 44 луѓе загинале, а повеќе од 150 биле повредени во стампедото кое настанало кога попуштил мостот.
Објавена е и снимка од настанот. Некои велат дека се урнал мост. Завладеала паника и луѓето газеле едни преку други.
Тоа било на фестивалот Лаг Б’Омер во подножјето на планината Мерон, каде се собрале и до 100.000 ултра отродоксни Евреи на гробот на еврејскиот мудред од 2-век на годишната комеморација на неговата смрт, која вклучува целовечерна молитва и танц.
Собирот бил организиран и покрај молбите на здравствените службеници да не се прави тоа во време на пандемијата на коронавирусот.
Во спасувањето и извлекувањето на повредените учествувала и војската.
Гробот на рабинот Шимон Бар Јочај е едно од најважните светилишта во еврејскиот свет, а овогодишното собирање по повод одбележувањето на неговата смрт е најбројно во Израел по избивањето на пандемијата на коронавирусот пред повеќе од една година.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер напишал дека станува збор за огромна катастрофа и додал:
“Сите се молиме за доброто на луѓето”.