Катастрофа во Мичиген: Пукнаа две брани, наредена итна евакуација

795

Во округот Мидленд во американската држава Мичиген денес е прогласена вонредна ситуација поради пукањето на две брани и очекувањето на големи поплави.

Браните „Еденвил“ и „Сенфорд“ пукнаа поради обилните дождови во изминатите неколку дена и поради тоа властите наредија итна евакуација на локалното население.

„Во следните 12 до 15 часа, центарот на Мидленд би можел да се најде под голема количина на вода“, изјави гувернерката на Мичиген.

Досега предудпредување било испратено до 3,500 домаќинства и околу 10 илјади жители кои би можеле да се најдат на удар на поплавите.