Кавказот гори: Турција и Ерменија влегоа во војна во Нагорно Карабах. Русија има воен сојуз со Ерменија и не може да гледа мирно

1190

Ерменија целосно стои зад Карабах и може да ја признае неговата независност. Ереван ја обвини Турција за мешање во тековните борбени дејствија околу спорниот регион Нагорно Карабах, а Анкара постојано изразува поддршка за своите азербеџански браќа. Покрај тоа, Ердоган ја нарече Ерменија „најголема закана за мирот и спокојството во регионот“. Тој рече дека целата турска нација е подготвена да застане покрај Азербеџан „со сите средства, како и секогаш“.

Доколку конфликтот не биде запрен „во рок од 24 часа“, Москва неизбежно ќе интервенира во војната, бидејќи не може мирно да гледа што се случува на нејзините граници, ниту да дозволи „работите да излезат од контрола“. Тоа значи и реакција на НАТО и Западот.

Воените експерти, сепак, проценуваат дека Азербејџан во моментов нема сили да го освои Карабах. Ерменија, која стои зад своите сонародници, сепак дозволува можност за голема војна и пренесување на борбите на нејзината државна територија.

Ерменскиот премиер, Никол Пашињан изјави дека голема војна во Јужен Кавказ, на чиј праг сме сега, може да добие пошироки димензии и да ја загрози и меѓународната безбедност.

Агресивното однесување на Турција е сериозна причина за загриженост“, рече ерменскиот премиер Никол Пашинјан во телевизиско обраќање до нацијата.

Московскиот воен експерт Виктор Мураховски смета дека Баку можеби сакал да ја демонстрира својата воена моќ по завршувањето на маневрите Кавказ 2020, при што Ерменија уште еднаш демонстрираше воен сојуз со Русија.

Не може да има јасен победник во овој конфликт. Тактички успех е можен, но за да може Азербејџан да го заземе целиот Карабах, ќе мора да мобилизира половина од својата армија – два или три армиски корпуси и воздухопловните сили со полн капацитет, и тие не се за тоа подготвени.