Јавноста со нетрпение го очекуваше моментот кога на судењето на Џони Деп и Амбер Херд ќе се појави Кејт Мос, популарниот супермодел и поранешна девојка на Деп, а многумина сметаа дека токму таа е клучниот сведок во процесот.
Кејт на судењето сведочела по пат на видео-повик, за да го поддржи некогашниот партнер со кој се гледала од 1994 до 1998 година.
Да ве потсетиме, Амбер Херд на 5 мај сведочеше за наводното злоставување кое го претрпела додека била во брак со Џони Деп, кога навела дека актерот своевремено ја турнал Кејт низ скалите додека парот сè уште бил заедно.
„Бевме во собата, Џони излезе оттаму пред мене. Започна невремето и кога излетав од собата, паднав низ скалите и си го повредив грбот“, изjaвила поранешната актерка и манекенка, Кејт Мос.
Таа негирала дека Деп ја турнал по скалите и со тоа успорила уште една изјава која Херд ја изнела пред судот пред неколку денови. Кејт потврдила дека со поранешното момче била на одмор во Јамајка.
„Почнав да врескам, ме болеше. Не знаев што се случи. Тој дотрча до мене да ме подигне, ме однесе до собата и се погрижи да бидам добро“, појаснила Мос.
Адвокатот на Деп ја прашал дали Џони ја турнал по скалите, на што Кејт негирала. Потоа повторно ја прашал: „Дали ве турнал низ некакви скали?“, но Кејт и тоа го демантирала, па додала: „Никогаш не ме турнал, удрил ниту фрлил низ некакви скали“.
Славната 48-годишна жена изјавила дека никогаш не сведочела во ниту едно судење, а на прашањето поради што одлучила сега да го направи тоа, адвокатите на Амбер рекле: приговор.
Кога Амбер го прераскажувала конфликтот меѓу Деп и нејзината сестра, изјавила дека актерот замавнал со раката кон нејзината сестра, на што тоа ја потсетило на ситуацијата со Кејт Мос кога Деп ја турнал по скали.