Кек: Ривалите на Македонија сигурно не се најсреќни што ја добија на ЕП!

676

Словенија успеа да се спаси во самиот финиш и во 97. минута извлече реми против Македонија (1-1) во тест-дуелот кој се одигра во Скопје. „Змајчки“ не блескаа на овој натпревар и од еден шут во рамки на голот дојдоа до бод. По мечот, селекторот Матјаж Кек имаше многу пофалби за нашиот национален тим.

„Македонија е екипа која долго се формираше и врв на реузлтатите е пласманот на ЕП. Сигурен сум дека таму овој тим нема да биде како турист. Се работи за исклучително незгоден противник за секого, има играчи во тимот кои ги познавам. Ѝ посакувам се најдобро на Македонија и да дојде до сјаен резултат. Треба да се погледне само последниот меч со Германија за да се види квалитетот. Сигурен сум дека ниту ривалите не се најсреќни што ја добија Македонија на ЕП“, изјави Кек.

Словенците се враќаат на домашно тло и продолжуваат со натпреварите. Ќе играат уште еден пријателски натпревар и се апсолутни фаворити против Гибралтарците. Натпреварот е закажан на 4 јуни во Љубљана.