Ким Џонг-ун во Русија го придружуваат неговите растрчани телохранители

874

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој денеска стигна во Владивосток на својот прв самит со рускиот претседател, е во друштво на неговите агенти кои трчаат до лимузината во која се наоѓа нивниот лидер.

Ким пристигна во Русија со неговиот блиндиран воз и беше пречекан со воен оркестар, како и традиционално со леб и сол. На состанокот со Путин, како што е најавено, ќе разговараат за нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров.