На кого Ким му е сè уште интересна? На кого оваа дебела жена може да му биде згодна? Во мојата зграда има поубави девојки од оваа старлета – се само некои од коментарите под фотографијата.
Најпознатата старлета на светот, 38-годишната Ким Кардашијан повторно покажала малку повеќе, или според мислењето на бројни обожаватели – премалку. Имено, Ким позирала во тоалета со змиски принт, а во прв план очекувано ги ставила своите бујни гради. Овој пат без градник. Нејзините фанови ја “наградиле” со лајкови, а колку им се допаѓала оваа комбинација докажува и вртоглавата бројка. Во само три часа “собрала” повеќе од милиони лајкови.
“Постои ли позгодна жена од тебе? Би ја дал куќата, автомобилот и девојката само да минам една вечер со тебе”, рекол еден обожавател откако ја видел фотографијата. Освен бројните пофалби, под фотографијата се “нашле” и стотина негативни коментари.
“На кого Ким му е сè уште интересна? На кого оваа дебела жена може да му биде згодна? Во мојата зграда има поубави девојки од оваа старлета”, се само некои од коментарите под фотографијата.
Пред неколку дена во реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians” Ким открила детали од својата прва венчавка. На 19 години се омажила со музичкиот продуцент Дејмон Томас во Лас Вегас, а со оглед на тоа дека била незрела и млада, признала дека во тој период експериментирала со дрога.
“Прв пат кога се мажев бев на екстази. Еднаш консумирав и се омажив. Кога повторно консумирав, снимив порно. Сите го знаат тоа. Мислам, може да се види како ми се тресе вилицата”, рекла Ким во разговор со младата полусестра Кендал Џенер и Скот Дисик.