Ким на самитот со Трамп направил нешто што не го направил никогаш: Лидерот на Пјонгјанг ги изненадил сите со овој потег

1101

Ким Јонг Ун на самитот со претседателот на САД, Доналд Трамп, прв пат одговорил на прашање на странски новинар и со тој потег ги изненадил сите.

Ким рекол дека разговорите со американскиот претседател за нуклеарните прашања би можеле да вродат со добри резултати. 

“Прерано е за прогнози, но не би рекол дека сум песимист”, одговорил севернокорејскиот лидер на прашањето на американскиот новинар.

“Во овој момент навистина ми се чини дека резултатите ќе бидат добри”, додал Ким на краткиот брифинг со новинарите.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, по изненадниот прекин на самитот во Ханој со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објаснил зошто се случило тоа, наведувајќи дека “понекогаш мора да заминете”.

“BBC” истакнува дека лидерите на двете земји засега не размислуваат за одржување на трет самит.

Трамп рекол дека договор не бил постигнат поради барањата на Северна Кореја, во замена за денуклеаризацијата, да се укинат американските санкции.

Американскиот претседател истакнал дека не бил подготвен да го направи тоа, пренесува “AP”. “Не би било добро да се потпише било што. Буквално заминавме. Минавме речиси цел ден со Ким”, рекол Трамп на прес-конференцијата, пренесува “BBC”.