Кина денес објавила дека ја крева цената на американска роба вредна 60 милијарди долари, како одговор на одлуката на САД да ги кренат таксите на увоз на кинеската роба.
Кинеското министерство за финансии соопштило дека на 1-ви јуни на сила ќе стапат царини во распон од 5 до 25 проценти на стотина американски производи, меѓу кои и батерии, спанаќ и кафе.
Потегот на Пекинг уследил откако во петокот американскиот претседател Доналд Трамп од 10 на 25 проценти ги зголемил царините на кинеска роба вредна 200 милијарди долари во рамките на спорот околу технолошките амбиции на Кина и трговскиот суфицит.
Новите царини најверојатно ќе им наштетат на извозниците од двете страни, како и на европските и азиските компании тргуваат меѓу САД и Кина или ги снабдуваат своите произведувачи со компоненти и материјали.
По денешната кинеска одлука, односно ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, индексите на Вол Стрит потонале, со што бил продолжени нивниот минатонеделен пад.
По помалку од два часа тргвување во Њујорк, Daw Jones е во минус од 2,3 проценти, Standard and Pure во црвено 2,2 проценти, а Nasdaq е во минус од 3,2 проценти. Околу еден час пред Пекинг да ги објави возвратните мерки, Трамп на Твитер ја предупредил кинеската страна дека Кина ќе биде многу тешко повредена ако не го прифати трговскиот договор. Најновата рунда трговски преговори меѓу САД и Кина завршила во петокот во Вашингтон без договор.