Новите ракети ќе ги направат кинеските воени бродови најмоќни на светот. Хиперсоничните ракети со кои ќе се вооружуваат кинеските уништувачи “Type 055” ќе ги направат најмоќни борбени на светот во својата класа.
Поради зголемената борбена способност на овие кинески уништувачи, потенцијалните противници се многу загрижени. Бродот е способен да носи повеќе од 100 YJ-18 крстаречки ракети, или други типови. Кина планира да ги опреми најновите уништувачи со хиперсонични ракети од идните генерации.
Во последната недела од април, Кина спровела тестирање на нови, хиперсонични, противбродски ракети, со кои ќе го опреми уништувачот “Type 055”. Се проценува дека проектилот достигнал брзина од 8 до 10 маха, пренесува “Military Watch”.
Ако “type 055” биде вооружен со нови, хиперсонични ракети, способностите на кинескиот уништувач би биле поголеми од другите бродови од овој тип.
Кина моментално спроведува програма за модернизација на својата морнарица.
Многу е веројатно дека уништувачот “Type 055” во иднина ќе вклучува електромагнетен топ и оружје против сателити, и, што е уште поважно, хиперсонични, крстаречки ракети со долг дострел.
Клучно средство за Кина, да продолжи со модернизацијата на многу свои воени системи, е пристапот до клучните технологии, не само од сопствените воени истражувања, кои, иако добро финансирани, неодамна почнале да функционираат на нивото кое е блиску до нивните главни конкуренти, како што се Русија и САД, туку и многу најнови технологии кои ги развил рускиот сектор за одбрана.
Засилувањето на руско-кинеските врски во областа на одбраната, кои наводно достигнале високо ниво на соработка кое вклучува и споделување на многу чувствителни разузнавачки информации.
Тоа му овозможило на Пекинг да стекне врвна технологија за своите борбени авиони, противвоздушна одбрана, подморници и за новата генерација крстаречки ракети.