Кина воведува воз кој е малку побавен од авион: Еве кога ќе влезе во употреба

3948

Кина го претставила прототипот на магнетно левитациски воз, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Кинеската телевизија го забележала претставувањето на возот организирано во Чингдао, а проектот го развива кинеската државна компанија “China Railway Rolling Stoke Corporation”.

Заменик главниот инженер Динг Сансна рекол дека прототипот ќе мое да ги провери клучните технологии и системски компоненти на возот со голема брзина.

Прототипот со еден вагон од производната лента би требало да се симне во 2020-та година и да направи тест возење од пет километри

Компанијата во 2021-ва би требало да ги заврши тестовите за возот.

Споменатиот воз, доколку биде ставен во функција, би требало да ја пополни празнината меѓу возовите кои одат меѓу 350 и 400 километри на час и патничките авиони кои летаат со брзина од 800 km/h.

Првиот комерцијален магнетно левитациски воз е ставен во функција во Нагоја, во Јапонија.