Кинескиот претседател покажал каков домаќин е: Го одвел Макрон на место од кое застанува здивот

722

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан се состанале со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон во Шангај.

Двата претседателски парови прошетале по Ју Јуен паркот, пренесува кинеското радио “Интернационал”.

“Мојата сопруга и јас го избравме Ју Јуен паркот да ве угостиме вас и вашата сопруга за да можете да уживате во убавините на кинеските паркови и традиционалната кинеска култура. Различни култури може да коегзистираат во хармонија.

Како претставници на источната и западната цивилизација, Кина и Франција мора меѓусебно да се почитуваат, но и да вршат меѓусебна размена и да учат едни од други”, рекол во таа прилика Кси.

Макрон навел дека Франција го поздравува и се радува на кинеското отворање, велејќи дека Франција се заложува за зајакнување на меѓународната соработка и изградба на отворена светска економија поради општ интерес.

Инаку, Кина и Франција потпишале договори во вредност од 15 милијарди долари, изјавил денес еден неименуван службеник на кинеската влада на конференцијата за новинари.

Договорени се соработки од областа на воздухопловството, енергетиката и земјоделството, а 20 француски компании добиле зелено светло за извоз на живина, говедско и свинско во Кина.

Исто така, договорено било и проширување на протоколот за извоз на живина кој е потпишан на почетокот на оваа година, за да бидат опфатени патки и гуски, се наведува во соопштението од канцеларијата на францускиот претседател.

Макрон во понеделникот допатувал во Кина и би требало подоцна денес да тргне кон Париз.

Кога станува збор за договорите од енергетиката, потпишан е меморандум за разбирање меѓу “Пекинг гас групата” и француската енергетска компанија “Анжи”, поради соработка на терминалот за течен природен гас и складиштето во градот Тјенџин на северот на Кина.

Меѓу другото, француски “Тотал” ќе основа заедничко претпријатие со кинеската компанија Синерџи Груп за дистрибуција TPG камиони во Делтата на реката Јангце. Двете земји исто така договориле дека до крајот на јануари 2020-та година ќе постигнат договор за цената и локацијата на новите фабрики за обработка на нуклеарно гориво кои ќе ги изгради компанијата Орано.