Кинескиот Sinopharm: Нашата вакцина е ефикасна 79%

532

Кинеската компанија Sinopharm денес објави дека една од нејзините вакцини против Ковид-19 е ефикасна во 79 проценти од случаите, пренесе АФП. Агенцијата забележува дека овој процент е помал од американските конкуренти Pfizer и Moderna.

Sinopharm е прва кинеска компанија која обезбедува ваква статистика. Таа денес објави дека нејзината вакцина е ефикасна во 79,43 проценти од случаите.

За споредба, Pfizer тврди ефикасност од 95 проценти, а Moderna 94,1 процент.
Британската компанија AstraZeneca објави дека вакцината, што ја разви заедно со Универзитетот во Оксфорд, е ефикасна во 70 проценти од случаите. Сепак, ефективноста може да достигне 100 проценти со две дози.

Кина, каде новиот коронавирус се појави кон крајот на минатата година, вложи многу во развој на вакцини за кои вети дека ќе ги направи „глобалното јавно добро“. Земјата, која ефикасно ја контролираше епидемијата на нејзината територија, беше принудена да спроведе клинички испитувања и во други земји, каде што вирусот продолжува интензивно да се шири, пренесува БТА.

Пет кинески вакцини се во третата фаза на клинички испитувања.

Sinopharm не прецизираше дали овие тестови биле завршени со првата вакцина. Сепак, компанијата соопшти дека поднела барање до кинеските власти за одобрување.