Бахреин e новата шанса на Македонија за втора победа на СП во Минхен со што би го задржале максималниот ефект. Во пресрет на дуелот кој на програмата е денес од 14:00 часот во „Олимпија Хале“, капитенот на нашата селекција, Кире Лазаров размислува нешто поразлично од Столе Стоилов.
Нашиот искусен десен бек смета дека против Бахреин не очекува тежок меч.
„Одиме чекор по чекор. Го слушнав Столе кој мисли дека ќе биде полесно против Бахреин, но тоа е наше македонско размислување после секоја победа. Дај Боже да биде така и да ме демантира, но мислам дека воопшто нема да биде лесно. Бахреин играше финале на Азискиот Куп против Катар, го гледав тој меч. Станува збор за цврста екипа“, изјави Лазаров.