Кире Лазаров загрижен: Допрва доаѓа потешкиот дел – но Бахрeин мора да падне

825

Македонската ракометна селекција по стартната победа веќе утре го игра мечот од 2. коло во групата Б од СП во Германија и Данска.

Наш противник е селекцијата на Бахраин – уште еден аутсајдер на хартија. Во пресрет на утрешната средба која што се игра 14:00 часот во „Олимпија Хале“, капитенот на нашата селекција, Кире Лазаров изјави:

„Се работи за поквалитетна екипа од Јапонија. Тоа значи дека треба да бидеме многу повнимателни, не смееме да дозволиме да не успие победата од девет гола разлика над Јапонија. Не беше лесно како што изгледаше. Победа со Бахреин би ни значела многу. Очекувам тежок меч и голема борба. Мораме да сме максимално сконцентрирани и да одиграме најдобро за да можеме да се надеваме на победа, но се зависи од нас. Важно е што здравствениот билтен е добар“.

„Денеска на доручек, ниту еден играч не се пожали за некаква повреда. Тоа ме радува, тоа значи дека утре сите можеме да дадеме максимум. Доаѓа потешкиот дел од првенството ме загрижува тоа што од утре играме ден за ден. Нема да имаме пауза, нема да имаме време за анализирање, за рекуперација. Да не се повторувам дека ростерот ни е таков каков што ни е, подмладен, неискусен. Ќе биде потешко да се спремиме, треба да внимаваме на секој сегмент. Утре сакам да победиме и притоа сите да останеме здрави и без последици“, изјави капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров.