Данскиот фудбалер Симон Кјаер може да го понесе епитетот херој на денот, затоа што со големи потези покажа дека е голем човек. Прво, реагираше врвно кога неговиот соиграч Кристијан Ериксен колабираше, а потоа ги смируваше другите.
Капитенот на Данска беше еден од оние кои скокнаа врз Ериксен кога играчот се струполи на теренот и спречи давење откако му го извади јазикот од грлото. Потоа, веднаш почна да мафта, заедно со другите играчи, па данските лекари влетаа на терен.
Massive respect to Simon Kjær, he made sure that Eriksen didn't swallow his tongue when he was unconscious, made sure he was in the right position, got the squad to surround Eriksen so the media didn't continue filming him and made sure Eriksen's wife was comforted.
Hero. 🙏🏻🇩🇰❤ pic.twitter.com/QzsyLsnpdC
— FutbolBible (@FutbolBible) June 12, 2021
Кристијан Ериксен ја шокира фудбалската јавност. Многумина помислија дека неговата животна битка е загубена поради долгата реанимација, но по шестминутна борба и голем напор на лекарите, фудбалерот е свесен и моментално врз него се вршат испитувања.
Играчот на Интер е во една од најдобрите болници во Копенхаген, а повеќе информации ќе следат наскоро. Најважната информација, сепак, е тука – Ериксен е свесен и буден!