„Ќе гори Калифорнија, ова е Содома и Гомора“ – пророштво на еден од најпознатите претскажувачи на иднината

833

Сергеј Вронски е еден од најпознатите и најавторитетните прогнозери на иднината. Тој е најпознат по своите предвидувања…

Сергеј Вронски бил личен астролог на Рудолф Хес – германски политичар кој бил заменик на Хитлер во Национално социјалистичката германска партија.

Вронски е познат по својата книга за пророштва „Хороскоп за Ева“ во чии рамки изнел низа предвидувања, меѓу кои има многу кои досега се исполниле.

Во книгата тој предвидел и распаѓање на Советскиот сојуз, како и војна на Кавказ. Исто така опишано е и што наскоро ќе се случи, најлошата војна досега која човештвото ја видело – Трета светска војна која ќе ја проголта цела Европа и Азија.

Вронски бил пророк, а покрај астрологијата во своите предвидувања користел и неуронаутика – науката за сонови.

Тој уште од детството имал соништа кои според неговите сопствени изјави секогаш се остварувале.

Вронски пишува дека во еден сон јасно видел како градовите горат, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Калифорнија. А, во исто време во сонот слушнал: „Ова е Содома и Гомора“.

Војни

Многумина се згрозени кога ќе прочитаат такви предвидувања. Некои уживаат во тоа да бидат исплашени на овој начин. Некој влегува во депресија, па дури и го фаќа паника.

Но, по вакви пророштва важно е да се разгледа сето тоа, дури и да се донесе исправна одлука и заклучок, дека е неопходно да го разгледаме сопствениот живот, да станеме подобри и на тој начин да го промениме светот на подобро околу себе…