Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков доживеал тешка повреда на последниот лигашки меч кој неговиот Веспрем го играше во понеделникот против ККФТ Веспрем.
На таа средба нашиот Деки блескаше и даде девет погодоци, меѓутоа во самиот финиш се здобил со повреда која долго време ќе го оддалечи од ракометните терените. Деталните медицински прегледи го потврдитле најцрното сценарио, односно дека се скинати предните вкрстени лигаменти на коленото.
Крилото сега ќе замине на операција по што точно ќе се знае колку време ќе паузира, меѓутоа повеќе од јасно е дека тоа ќе биде дури во 2022 година.
Ова секако е проблем за Веспрем, но и за македонската репрезентација која ја очекува настап на Европското првенство.