Дали помошта од 6.000 денри ќе стигне до оние граѓани кои немаат воопшто сметки, или нивните сметки се блокирани.
Вчера владиниот одговор не беше конкретен, во петокот помина рокот за префрлање на 6 000 денари државна помош на сметките на граѓаните.
„Во текот на вчерашниот ден, голем дел од податоците на примателите на финансиската помош од 6000 денари се ажурирани. Парите ќе бидат исплатени до сите на кои им се најпотребни и можат да ги искористат за лична потрошувачка. Во однос на отворањето наменски сметки за граѓаните со блокирани сметки, потсетуваме дека процесот се реализира преку банките кои имаат техничка можност за тоа и исплатата се одвива без проблеми”, информираат од Владата.
Во финална фаза е обработката на поднесените 70 000 приговори од граѓаните кои не се најдоа на листата на приматели. Но, надлежните повторно не прецизираат кога на овие лица ќе им легнат парите на сметка.