Ќе се апсат припадници на УЧК во Македонија?- Четири возила на Еулекс се упатиле кон Тетово

705

Четири возила на меѓународната мисија на Косово, ЕУЛЕКС штотуку влегоа во Македонија, информираа гранични извори. Според нив, по преминувањето на границата, возилата на ЕУЛЕКС не запреле во Скопје, туку тргнале во правец кон Тетово, пренесува Весникот Лајм.

Властите во Македонија не даваат официјални детали во врска со овие информации и сè уште нема официјално соопштение од канцеларијата на ЕУЛЕКС во Приштина.

Во последните денови ЕУЛЕКС апсеше на Косово. Сè уште не е познато дали оваа мисија има налог за апсења во Македонија или не.