Наскоро ќе се легализира марихуаната во Македонија, пишува ТВ21 повикувајќи се на свои „блиски извори во Владата“.
Според телевизијата, за почеток легализацијата ќе се спроведува во туристичките места, односно во Охрид и Струга. Телевизијата пишува дека анализите на владата покажале дека легализацијата ќе придонесела за поголем број на туристи и поголем девизен прилив.
Во Македонија, засега, марихуаната се користи само за медицински цели.