Ќе се набавуваат автобуси на природен гас во Скопје

1160

Скопјани ќе се возат во автобуси на природен гас. Ова станува јасно од последната информација од Собранието а за заемот кој ќе се земе за набавката гаранција дава државата.

Имено, повеќето пратеници дале поддршка за законот за гаранција на Република Македонија за заем за финансирање на набавка на нови автобуси за град Скопје.

12 милиони евра е сумата која Град Скопје ќе ја потроши за автобуси на природен гас. Од таа сума 10 милиони ќе се обезбедат преку ЕБОР, а 2 милиони од буџетот на ЈСП,

Само 150 илјади евра годишно пак се фрлаат за делови за кинеските и украински автобуси.