Хорор филмот „The Exorcist” ја носи титулата на најстрашниот хорор филм на сите времиња.
Критичарите на филмот сметаат дека и после 45 години ниту еден хорор филм не може да му парира.
Филмот ја следи приказната на малото девојче Реган кое е опседнато од демон, како и борба на луѓето за нејзината душа. Филмот наводно се заснова на вистинска случка, но во вистинската приказна станува збор за момче.
Кога филмот се појавил во кино салите никој не бил подготвен за драматичните филмски сцени. Интересна е премиерата на филмот во Рим. Неколку минути пред премиерата небото се отворило и настанал вистински потоп. Луѓето дошле намокрени и поприлично уплашени, како од бурата така и од филмот. Тие кои биле на проекцијата на филмот тврдат дека морничавиот звук бил погласен од грмотевиците.
Актерката Елен Брстин во текот на снимањето на една сцена се здобила со трајна повредна на ’рбетот. До повредата дошло откако во текот на снимањето на сцената во која девојчето кое е опседнато од демонот, ја фрла својата мајка преку целата просторија. Елен никогаш не му простила на режисерот што не го прекинал снимањето. Сцената е оставена во финалната верзија на филмот, а режисерот Вилијам Фриедкин ја смета за автентична.
Мерседес Меккембриџ го позајмила гласот на демонот кој ја опседнува Реган. Нејзиното име не се нашло на крајната шпица бидејќи ги тужела продуцентите. После филмот Мерседес била погодена од семејна трагедија, откако нејзиниот син ја убил сопругата и децата, а потоа и се самоубил.
Екипата која работела на филмот константно се сретнувала со проблеми во текот на снимањето.
Често доаѓало до пожар, па бил ангажиран поп за да го освети сетот на кој се снимале сцените.
Во текот на снимањето на филмот еден од чуварите го изгубил животот, набргу потоа починал и техничарот задолжен за одржување на ладните комори во кој бил сместен сетот за собата на Реган, за испуштањето на здивот да делува реално.
Братот на Макс Вон Сидов (кој го толкува ликот на отецот Мерин) починал во текот на снимањето на филмот. Пред самата премиера починал и актерот Џек Мекгован поради компликации предизвикани од грипот.
Актерката Василики Малирос починала само неколку дена по завршувањето на филмот.
Многу морничави случувања се поврзуваат со екипата на овој филм.