Ќе се паркира паралелно на улица: Тротоарите на Орце Николов ќе се ослободуваат од коли

952

Градоначалниците на Скопје и Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција најавија ослободување на улицата Орце Николов во Дебар Маало од преголемиот број на паркирани возила.

– На оваа улица паркираат 180 возила на тротоарите, нешто што нема да се случува по реконструкцијата. Со овој проект се ослободува јавниот простор, се намалува брзината на автомобилскиот сообраќај, со цел зголемување на безбедноста. Планираме и во иднина, заедно со Општина Центар, во централното јадро на Скопје да ги реализираме заеднички овие идеи со цел да го подобриме квалитетот на живеење, но и сериозно да ја подобриме инфраструктурата во нашиот град – кажа Шилегов.