Понудата за Ѓоковиќ да се појави во главната улога во филмот посветен на Тесла веќе е на маса, но нејасно е дали српскиот тенисер ќе прифати такво нешто, иако многупати посочувал дека е расположен за тоа. Главен проблем е како да се најде време за снимање во згуснатиот распоред на Ѓоковиќ, кој има амбиција да биде најтрофејниот тенисер на сите времиња и број еден по минати недели на АТП-листата.
„Не е чудно што Биковиќ на Новак му ја понудил улогата, зашто веќе тој се истакнал со низа имитации и потврдил дека ‘има нешто’. Да не говориме за тоа колку филмот ќе добие и на значење со самото тоа што светски мегапопуларна ѕвезда ќе биде главен лик. Новак е создаден за тој лик, само треба да се поклопат други работи“, рекол извор за „Блиц“.
Ѓоковиќ многупати посочил низ годиниве дека се воодушевува на Никола Тесла и дека токму Тесла е заслужен за животот кој го имаат луѓето денеска.
„Еден од луѓето на кои најмногу им се воодушевувам е Тесла, иако не сум живеел во неговата ера. Тоа што го оставил како наследство е нешто огромно, најголем дел од луѓето знаат кој е тој, тој е човек што имаме денеска живот како овој, што имаме безжичен интерент. Сè што е безжично е негов изум, негова креација“, истакнуваше Ѓоковиќ.