Ќе се снима првиот филм во вселената: Откриено која актерка ќе биде во него, а еве и кога ќе полетаат од Земјата

624

Московската актерка Јулија Пересилд (36) и режисерот Клим Шипенко (37) ќе полетаат на 5 октомври во космосот за да го снимаат филмот „Предизвик“.

За главната улога во филмот кој ќе се снима на Меѓународната вселенска станица конкурирале три илјади девојки и жени, но на крајот избрана е водечката актерка од Московскиот драмски театар Јулија која веќе снимила 10-на филмови.

Како и космонаутите така и Јулија ќе има своја дублерка, а тоа ќе биде актерката Алјона Мордовина, а на режисерот дублер ќе му биде Алексеј Дубин.

Тие заедно ќе се подготват за Ѕвездениот град, а дублерите се потребни доколку некој од нив случајно се разболи.

Подготовките ќе започнат во јуни, а актерите ќе вежбаат во бестежинска состојба, потоа на центрифуга и ќе имаат и скокови со падобрани.

Првата актерка и режисерот во космосот ќе полетаат со „Сојуз Ms-19“ со космодром во Казахстан.

Тие во космосот ќе поминат 12 дена, а потоа ќе се вратат на Земјата.

Директорот Дмитриј Рогозин вели дека лекарската комисија максимално строго ги бирала кандидатите поради тоа што престојот во вселената е многу напорен, а тоа е причината што космонаутите мора да бидат целосно здрави.

Филмот ќе биде финансиран од државниот телевизиски канал. Интересно е тоа што космонаутот Михаил Корниенко изјавил дека не е добро што на Меѓународната вселенска станица доаѓаат космонаути-аматери.

Тој смета дека вистинските космонаути подобро би го снимиле филмот „Предизвик“ отколку што тоа би го направиле популарната актерка и режисерот.

Токму космонаутот Корниенко претходно снимил филм на Меѓународната вселенска станица кој по пат на интернет го гледале повеќе милиони луѓе.

„Во одредот на руските космонаути е и девојката Ана Кикина и таа сигурно одлично би ја одиграла улогата во филмот. Кој гарантира дека актерката Јулија добро ќе се чувствува во вселената?“, јавно прашал Корниенко.

Тој исто така предупредил и дека поради сите тие околности на крајот може да се покаже дека две милијарди рубљи би биле залудно потрошени пари.

Ана Кикина е една од девојките во одредот на космонаутите, а таа одамна се подготвувала за лет во космосот кој ќе биде реализиран во 2022 година.

Професионалните космонаути се прашуваат дали телевизијата ќе успее да најде спонзори или пак ќе издвои две милијарди рубљи од државниот буџет.