Д-р Рис Морис-Барбер објавил видео на ТикТок со кое сакал да покаже зошто не треба да ги чистите ушите со стапчиња за уши.
Полемиката за тоа како правилно се чистат ушите се води со години, и додека едни велат дека памучните чепкалки се вистинскиот пат до чист ушен канал, други велат дека ушите најисправно се чистат само со помош на течност.
„Пациентот на ова видео се жалеше на затнати уши. Како што гледате, восокот кој го извадивме беше буквално компресиран. Ова често се случува кога луѓето користат стапчиња за уши“, вели д-р Морис-Барбер во видеото.
На пациентот му биле извадени два чепа со димензии од околу 2 центиметри.
„Кога користите стапчиња за уши, вие не го отстранувате восокот туку само го буткате уште подлабоко во ушниот канал. Таму се собира, се компресира и станува сè потврд, заземајќи совршен облик во каналот“, додава докторот во видеото.
„Кога го извадивме едниот чеп, беше јасно дека во средината има вдлабнатина бидејќи пациентот продолжил да ги чисти ушите со чепкалки и направил вдлабнување во восокот“, вели тој.