Ќе ви се стопи срцето: Ги покани сите другарчиња од градинка во судница да го гледаат неговото посвојување (ВИДЕО)

786

Едно петгодишно момче од Мичиген ги поканило сите другарчиња од градинката да присуствуваат на процесот на неговото посвојување. Детето по име Мајкл синоќа формално му се придружи на своето ново семејство со одлука на судот во округот Кент.

Погледнете ја и прекрасната галерија на среќните дечиња

     

Додека судијката ја соопштуваше конечната одлука за посвојувањето на 5-годишниот Мајкл, зад среќното детенце седеа сите негови другарчиња од градинка со рачно изработени срца во рацете.

Две од дечињата изјавија „Го сакам Мајкл“ и „Мајкл е мојот најдобар другар“ пред Андреа и Дејв да му станат родители засекогаш на саканото дете.