Унгарската спортистка Сузана Франциа, која е родена и живее во САД, е позната по двете злата во веслање од Олимписките игри во Пекинг и Лондон. Сега, нејзината мајка, био-хемичарка Каталин Карико, исто така доби светска слава, поради нејзиниот придонес во развој на вакцината за корона вирусот. Карико беше предложена за Нобелова награда од страна на познатиот британски научник Ричард Докинс, поради истражувачката работа со која овозможи создавање на антитела кои напаѓаат вируси само со помош на генетскиот материјал на вирусот. Калико е потпретседателка на германската компанија Бионтек која ја разви вакцината против корона вирусот во соработка со Фајзер.
Во разговор со Унгарија Денес, спортиската Франциа вели дека сега ја следи својата мајка и по успешната спортска кариера, работи како биолошки техничар.
Ми недостига мојот спортски тим, со кои планиравме како да победиме на Олимписките игри. Многу е различно чувството кога си никој и ништо и правиш планови да победиш на Олимпијадата, и кога еднаш веќе ќе успееш во тоа. Тогаш сите сакаат да те победат. Мајка ми ме поддржуваше во моите успеси на спортските терени и во училиштето, а сега јас се радувам на нејзините медицински успеси, Франциа изјави за Унгарија Денес.