Ќерката на холивудските ѕвезди безгрижно се соблекла топлес на полна плажа, а фотографите не ја пропуштиле шансата

787

Фотографите ја уловиле Маја Хоук топлес на една од плажите во Венеција, а оние кои што ги виделе фотографиите биле воодушевени од истите.

Ќерката на поранешниот холивудски пар, Ума Турман и Итан Хоук, 22-годишната Маја, последниве неколку денови ги поминува во Венеција поради тамошниот филмски фестивал, па очигледно дека поголемиот дел од слободното време го користи за да оди на тамошните плажи.

Притоа, младата актерка очигледно дека се опуштила и премногу поради тоа што се соблекла топлес, а со рацете ги покрила своите гради.

Неколку денови претходно била уловена со чипкаста долна облека додека се капела во морето, а тоа била доволна причина за сите да ги упатат погледите кон неа.

И додека Маја ужива во Венеција со пријателите, нејзиното момче, 34-годишниот Том, засега не ѝ се придружил, а како пар заедно првпат се појавиле на прошетка во Њујорк.