Ќерката на Мик Џегер во сензуална реклама го воодушеви светот

645

Џорџа Меј, ќерката на познатиот рокер Мик Џегер, е главна актерка во сензуална реклама за новиот парфем под називот „Very sexy“, кој го потпишува познатиот ланец на продавници за долна облека.

Во рекламата Џорџа Меј (29) во црн градник и танга гаќички кои се проѕираат од хулахопките, заводливо лежи на кревет, си става шампањ и позира пред големите прозорци во солитерот преку кој се гледаат светлата од градот.

Џорџа Меј е доказ дека ‘крушата под круша паѓа’, а фотогеничноста ѝ е во крвта.

Убавата русокоса е позната по тоа што ѝ се разделени предните заби, со што се гордее, и по добрите гени кои ги наследила од својата мајка, американската манекенка и актерка Џери Хол. Џорџа Меј веќе со години е дел од светот на модата.

Освен што е згодна, ќерката на фронтменот на Ролинг Стоунс е и талентирла.

Досега била заштитно лица на многу познати светски брендови, а „Reserved“ ја вработиле и како своја модна дизајнерка.