Ќерката на поранешниот холивудски пар објави гола фотографија и чудна порака: „Се збогувам со овие ѕидови меѓу кои цветаше љубовта“

498

Талула Вилис објавила необична и чудна фотографија под која што напишала почуден текст, а истата ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм.

Најмладата ќерка на некогашниот холивудски пар, Брус Вилис и Деми Мур, позирала целосно гола во фетусна положба на трева, а фотографијата е дел од триделната објава во која што Талула објавила фотографии од својот дом.

„Се збогувам со овие ѕидови во чија внатрешност цветаше љубовта, пријателите стануваа семејство, животните доаѓаа и си заминуваа, празен простор во кој се родијa непознати задоволства на дизајнот на ентериерот“, започнала оваа 27-годишна девојка која што како и своите две постари сестри Скаут и Румер се бореше со зависност поради тешкиот тинејџерски период предизвикан од лошите односи на нејзините родители по нивниот развод.

„Го допрев дното меѓу овие ѕидови, поставував безгласни прашања од кои што и денес се плашам. Го обвинував домот и сакав да побегнам. Но, среде сите негови трансформации и моите промени на фризурата, се чувствувам целосна.

Како заљубена жена која се бори за среќа во секој нареден ден и зборува погласно, отколку што некогаш мислела дека ќе може да зборува. Поради тоа ќе земам што ми треба, а остатокот ќе ти го оставам тебе слатки доме затоа што постојат уште многу работи кои треба да ги преживеам“, завршила девојката, а од „Daily Mail“ веруваат дека Талула со оваа објава најавила преселба во нов дом со своето момче Дилон Бас.

Инаку, нејзините родители по разводот, кој што се случи пред 20 години, биле во многу лоши односи, но денес наводно се добри пријатели.