Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора славеше прв роденден на синчето и покажа колку е пораснато (фото)

719

Ќерката на Сузана Турнџиева, Лора Турунџиева и нејзиниот сопруг Филип деновиве имаа убав повод за радување и славење.

Имено, претходната година на 7март младиот пар се реализираше во улогата на родители, а нивното семејство се прошири за уште еден нов член односно син.

Оттогаш тој е центарот на нивното внимание, а како Лора и сопругот, така и Сузана уживаат во неизмерната љубов нa малиот Јаков.

Деновиве,  поточно на 7ми март, малиот Јаков наполни една година, а по тој повод гордата мама на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Мама и тато заедно со синчето позираа покрај тортата, а на нивните лица може да се забележи насмевка.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Среќен 1ви роденден на нашиот син“ напиша Турунџиева на социјалните мрежи.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

За потсетување, Лора и Филип запливаа во брачните води во август 2018 година, а тогаш направија мала свадба во кругот на најблиските пријатели и роднини.

Среќен роденден, да е жив и здрав.