Иванка Трамп и Џеред Кушнер купиле имот вреден повеќе од 30 милиони долари на островот кај Мајами – Индиан Крик – познат и како “Бункерот на милијардерите”.
Пред излегувањето на Трамп од Белата куќа, сопружниците се зафатени со планирање на животот по Вашингтон и прегледале бројни имоти и многу земјишта на подрачјето на Мајами и Палм Бич.
Приватниот, обезбеден и затворен остров исто така е едно од најбезбедните места на Флорида, бидејќи може да се пофали со полиција од 13 луѓе за само 29 престојувалишта.
Се верува дека парот го купил “Лот 4”, кој бил во сопственост на Хулио Иглесијас, за изградба на имот на брегот на морето.
Големината е 1,84 хектари. Имотот се продал за 31,8 милиони долари. Данокот изнесува 472.764 долари годишно.

Островот исто така е оддалечен на еден час од клубот на Трамп во Мар-а-Лаго. Плус, помладиот брат на Џеред, Џошуа и неговата сопруга Карли Клос, оваа година купиле куќа на Мајами од 22 милиони долари, непосредно пред раѓањето на нивното дете.
Извор запознаен со договорот рекол дека Иванка и Џеред била на лов во Флорида, бидејќи многу од нивните пријатели се преселиле од Њујорк на Флорида.
Меѓу сегашните и поранешните жители на Индијан Крик се вбројуваат споменатиот Иглесијас, милијардерот Карл Икан и супермоделот Адријана Лима.
Џеред и Иванка минатите четири години ги минале живеејќи со своите три деца во престижната населба Калорама ДЦ, каде изнајмувале куќа во вредност од 15.000 долари месечно.
Тие и натаму поседуваат свој стан во Њујорк и не планираат да го продаваат.
Претставници од Белата куќа одбиле да коментираат.